Најдена гитарата на Пол Мекартни, украдена пред 50 години

Бас-гитара „Хофнер“ што му припаѓала на Пол Мекартни, а којашто пред повеќе од 50 години била украдена, пред неколку дена му е вратена, а германскиот производител ја потврди автентичноста на тој инструмент.
Потрагата по гитарата ја почна потфатот под наслов „Изгубениот бас“ (Lost Bass) минатата година, па студентот Руајдри Гест во вторникот сподели фотографија од инструментот на „X“. Гест тврдеше дека гитарата му е наследство, и таа му е вратена на Макартни.
Гитарата во облик на виолина исчезна во времето кога „Битлс“ се распаднаа, а се појави по потрагата на светско ниво, објави „Гардијан“.
Пол Мекартни го купил музичкиот инструмент во 1961 година за 30 фунти, што е еквивалентно на околу 800 фунти според денешните цени. Наводно, таа му била омилена гитара.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
