Најчеста причина за рак за која никој не зборува - докторка открива како да ја проверите киселоста во желудникот
„Ниската киселост во желудникот е водечки извор за појава на рак на желудникот и други хронични заболувања. Ризикот за развој на овие болести го влошува и неконтролираното и несовесното препишување на антацидни препарати и блокатори на киселините“, открива специјалистот по природна медицина О. И. Синева.
Таа напоменува дека добро се крие и фактот дека главен причинител за киселини во желудникот и ждригавица, не е, всушност, вишокот, туку недостатокот на хлороводородната киселина во желудникот. Токму затоа и одредувањето на киселоста во желудникот е важна превентивна мерка и сериозен чекор на патот кон здравјето.
- Би им препорачала на сите заболени лица да посветат посебно внимание на киселоста на желудникот, без оглед на дијагнозата. Корекцијата на киселоста е токму таа критична алка којашто е неопходна за оздравување - предупредува докторката.
За одредување на киселоста на желудникот се спроведува посебна процедура којашто се нарекува - тест Хајдберг. За нејзино спроведување, болниот треба да проголта специјална капсула врзана за посебен конец. Откако капсулата ќе испрати радиосигнали, таа се вади од желудникот.
Но, таа открива и метода за дијагностика на ниската киселост на желудникот, која можете да ја спроведете и во домашни услови. Докторка Синева открила потполно безбеден тест со сода бикарбона.
Промешајте ¼ мала лажичка сода бикарбона со 150 милилитри млака вода. Испијте го овој раствор наутро, на празен желудник.
Забележете го времето коешто ќе помине до појавата на ждригнување. Доволно е да почекате не повеќе од три минути. Ако не сте ждригнале, постои веројатност за ниска киселост во желудникот. Ако пак сте ждригнале – вашата киселост е во ред.
Дали оваа метода е доверлива? Не за сите. Но, зошто да не пробате? Точноста на дијагностиката се зголемува при комбинација на горенаведениот тест со клинички симптоми на намалена киселост на желудникот, кои вклучуваат:
- отекување на стомакот, чувство на преполн желудник по оброкот;
- несварена храна, пролив или запек;
- алергија на одредена храна;
- повремени мачнини;
- иритација околу ректумот;
- омекнување, лупење и напукнување на ноктите;
- проширени вени во областите на образите и носот;
- габични инфекции и дисбактериоза на цревата;
- акни;
- недостаток на железо;
- губиток на косата
Ново на Сител
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар
-
Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта
-
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции