Најавено продолжување на протестите низ Србија
На социјалните мрежи се шират повици за продолжување на протестите во Белград, со слоганот „Седи доле!“, а исто така и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Крагуевац, Нови Пазар и Зрењанин.
– Вечерва #СедиДоле бидејќи граѓаните кои не сакаат немири и судири треба да се одвојат од ангажираните групи хулигани, кои ќе предизвикаат судири!, напиша на својот Твитер налог политикологот Вук Велебит, чија идеја е мирните учесници на протестот да се дистанцираат од оние кои ја напаѓаат полицијата и предизвикуваат инциденти.
Повикот до сограѓаните вечерва во 18 часот да дојдат пред српскиот Парламент го сподели и лидерот на Движењето на слободните граѓани, Сергеј Трифуновиќ, нагласувајќи да облечат бели маици, со што ќе покажат дека „не се предавници и хулигани, а со тоа ќе се направи јасна дистанца меѓу полициските хушкачи и ние кои ќе дојдеме да изразиме незадоволство“.
Во Нови Сад, како што јави 021.рс, протестот ќе продолжи вечерва во 18 часот на Плоштадот Слобода.
„Јужни вести“, исто така, објавува дека протестите вечерва продолжуваат во Ниш, Врање и Лесковац, а организаторите им порачале на сите кои планираат да ја напаѓаат полицијата да не доаѓаат.
Жители на Нови Пазар преку социјалните мрежи од синоќа почнаа да ги повикуваат своите сограѓани да излезат на протест, кој неофицијално е закажан за вечерва во 19 часот во центарот на градот. Еден од организаторите на собирот е Ирфан Угљанин, кој во разговор за Нова.рс, истакнал дека станува збор за мирен протест, каков што им доликува на граѓаните од овој град, кои се наоѓаат во една од најтешките ситуации досега.
Твитерџиите од Чачак, исто така, споделуваат информација за вечерашниот протест.
На социјалните мрежи се појави и повик за протест во Зрењанин.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство