Најавен „гол“ концерт на Мајли Сајрус

Американската пејачка Мајли Сајрус, која е позната по контроверзните настапи, најави шокантен концерт на кој таа, членовите на придружниот бенд и публиката ќе бидат „како од мајка родени“.
Веста за подготовките за „голиот концерт“ на Мајли го најавија членовите алтернативен рок бенд „Флејминг Липс“, кое веќе неколку месеци соработуваат со оваа поранешна ѕвезда на Дизни.
- Мајли планира да оддржи концерт каде таа, бендот (ние) и публиката ќе бидат целосно голи, цели полиени со млеко (односно некоја течност налик намлеко), напиша на Инстаграм фронтменот на групата Вејн Којн.
Којн не откри повеќе детали за ова случување, но рече дека настапот ќе биде снимен за потребите на видео спот.
Имајќи предвид дека законите забрануваат појавување на голи луѓе на јавни места, се претпоставува дека концерто ќе биде оддржан во некоја приватна сала.
Дваесет и двегодишната пејачка која себе си се опишува како „пансексуалка“, во август го издаде албумот „Miley Cyrus & Her Dead Petz“ на кој соработуваше со групата „Флејминг Липс“, позната по своите енергичните и екстравагантни настапи.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
