Најава за масовни протести на иницијативата „За заедничка Македонија“
Продолжуваат активностите на Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.
За денеска на 32-риот ден од протестите се најавува нов, масовен протест кој стандардно почнува во 17 часот пред Владата.
„Ние сме тие кои нема да дозволат постизборни уцени за потценетите Македонци да ја диктираат нашата иднина и да ја дробат земјата парче по парче. Ние сме тие кои нема да дозволат играње играчки, држење седници на паузи со измама како што измамија и за тиранската платформа.
Ние, 200.000 на улица во цела Македонија. Ние, за кои на таква една седница сосема сигурно ќе се најде место.
А дотогаш, гласно ќе ги опоменеме: водете сметка, бидејќи водиме и ние.“ – стои во повикот објавен од организаторите на протестите на социјалните мрежи.
Повеќе од еден месец над 200.000 граѓани секојдневно протестираат во повеќе од 40 градови и населени места низ Македонија.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра