-->
-->
Наизменично се пропуштаат возила на патот Куманово-Крива Паланка
-->
Сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка е во функција, но наизменично се пропуштаат возилата, бидејќи по сообраќајната несреќа која се случи попладнево, кај м.в.Просеченик,кај село Псача, од патот е отстрането само патничкото моторно возило, додека товарното возило е сеуште на коловозот.
Товарното возило марка Мерцедес кое учествувало во сообраќајната несреќа се наоѓа на десната коловозна лента во правец од Крива Паланка кон Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби возачот на автомобилот, четириесет и осум годишниот П.Н.
Сообраќајот на овој патен правец се одвива по влажни коловози, во Кривопаланечко и реонот на Кратовско, кај село Страцин паѓа снег, а во селата близу граничниот премин со Република Бугарија, Деве Баир, веќе се формира и снежна покривка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена