Награден конкурс по повод патрониот празник на Кратово
По повод патрониот празник на Кратово распишан е награден ликовен и литературен конкурс на тема „Свети Ѓорги Кратовски – светилник и закрилник на Кратово“.
Литературните творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза, а ликовните творби можат да бидат изработени во комбинирана техника или техника по избор на авторот.
Од локалната самоуправа, која го распиша конкурсот, информираат дека авторските дела треба да се достават до Домот на културата „Лазар Софијанов“ секој работен ден од 12 до 15 часот, заклучно со 17 овој меец.
На конкурсот може да учествуваат жителите на општина Кратово, но не е дозволено учество со претходно објавени или издадени дела.
Оценувањето и изборот ќе го врши стручна комисија, а под покровителство на градоначалникот Мите Андоновски, најдобрите дела ќе бидат наградени со парична награда од три, две односно илјада денари.
Најуспешните ликовни творби ќе бидат изложени, а најдобрите литературни творби ќе бидат прочитани во рамки на програмата во чест на Свети Ѓорѓи Кратовски којашто ќе се одржи во Домот на културата „Лазар Софијанов“ на 23 февруари.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час