Наградата „Астер“ за Данчо Чеврески
Наградата „Астер“ на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ за исклучителни достигнувања ќе му биде доделена на македонскиот филмски и телевизиски актер, Данчо Чеврески, а почесно признание ќе добие и документаристката Ким Лонгиното, на која плакетата ќе ѝ биде врачена во Велика Британија, соопштија денеска од организацијата на оваа филмска манифестација.
Годинашното издание на „Астерфест“ ќе се одржи од 26 до 29 јули, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Кратки резови“.
За „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, како и за „Старозлатниот проектор“ и за наградите „Ацо Алексов“ и „Ѓорги Абаџиев“ ќе се натпреваруваат следниве 24 кусометражни филмови: „Бродоломник“ на Сабрина Маренго, „Водата“ на Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш, „Врне“ на Чиро Д’Емилио, „Двоен живот“ на Јоб, Јорис и Мариеке, „Доверба“ на Јулијана Нojхубер, „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја, „Еден мал чекор“ на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Жолта“ на Ивана Шебестова, „И што вели летото“ на Пајал Кападија, „Исповедта“ на Естебан Фонт Ројо, „Jа потпишав петицијата“ на Махди Флеифел, „Кожа“ на Гај Натив, „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, „Лимерентност“ на Оливер Пич, „Маркет Плејс“ на Аник Кристијаенс, „Ноќ во градината“ на Маршал Кари, „Од високо“ на Дон Вестлејк, „Писма“ на Александер Саварски, „Последната бура“ на Лијам Сент-Пјер, „Различни“ на Христина Белоусова и Данте Рустав, „Стар закуп“ на Висенте Барела, „Тек“ на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Фови“ на Џереми Конт и „Човек-миленик“ на Марзиех Абрарпајдар.
Покрај ова, ќе има специјални проекции и на филмовите „Четирипати“ на Микеланџело Фрамартино, „Љубовта е сè“ на Ким Лонгиното и „Хај-фај“ на Владимир Блажевски, а ќе се одржи и традиционалната лауреатска беседа во Велјуса.
„Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра

