Награда за македонската амбасадорка во Јапонија
Амбасадорката на Република Македонија во Токио Андријана Цветковиќ е добитник на Гранд при наградата на дипломатскиот конкурс за фотографии „Јапонија низ очите на дипломатите” што го огранизира Министерството за надворешни работи на Јапонија, а под покровителство на јапонската принцеза Такамадо.
Како што соопшти Македонската амбасада во Јапонија, годинашниот конкурс е 19-ти по ред на кој се натпреваруваа 500 фотографии од 100-тина дипломати од 150 земји, при што фотографијата на амбасадорката Цветковиќ насловена „Кругот на животот” е избрана како најдобра.
Наградата на Цветковиќ и е врачаена вчера од страна на поранешниот министер за надворешни работи Хирофуми Накасоне.
Амбасадорката го претстави значењето на наградената фотографија при што истакна дека името „Кругот на животот” на одреден начин го симболизира постојаното повторување на историјата со конфликти и страдања во светот, и изрази надеж дека ќе се стави крај на таквите историски циклуси и дека со помош на меѓусебно поврзување на нациите и културите човештвото ќе навлезе во нов круг на репетиција кој ќе биде круг на љубовтта, почитта и разбирање преку културната размена.
Во соопштението се истакнува дека доделената награда на амбасадорката Андријана Цветковиќ е од големо значење за подигнувањето на визибилитетот на Република Македонија во Јапонија, имајќи предвид дека на настанот присуствуваа претставници на империјалното семејство, многу амбасадори, како и личности од политичкиот, општествениот и бизнис секторот во Јапонија.
Веста за освоената награда на амбасадорката Цветковиќ, како што наведуваат од македонската амбасада во Токио, беше објавена на социјалните мрежи на јапонското министерство, како и медиумски покриена од сите поголеми јапонски весници, при што Република Македонија беше претставена со уставното име.
Останатите награди им беа доделени на амбасадорот на Германија, заменикот шеф на Мисија на САД, амбасадор на Гватемала, Канада и Тонга.
„Јапонија низ очите на дипломатите” е годишна изложба на фотографии направени од страна на членовите на дипломатскиот кор во Јапонија, која датира уште од 1998 година. Оваа година на изложбата се претставени фотографии од 72 дипломати од 42 земји, секоја од нив претставувајќи уникатна перспектива на Јапонија. Изложбата ќе биде отворена од 4-ти до 10-ти октомври 2016 година во Токио, по што ќе продолжи во и во Нагоја, Кобе и Хокаидо.
Ново на Сител
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина