Нафтата пак поскапува: Од наредната недела нови цени на горивата во Македонија
По серијата намалување на цената на нафтените деривати, ценовните движења на светските берзи не носат добри вести.
За само 2 дена, цената на суровата нафта скокна за 3,5 долари по барел и сега се тргува за нешто по 63 долари за еден барел.
И покрај тоа што трендот на движењето на цените води кон поскапување, просекот се уште е под оној од пред две недели, па доколку нема некои драстични скокови, не се исклучува, идниот понеделник, регулаторот цените да ги задржи на ова ниво или пак корекциите да бидат минимални.
Но, доколку нафтата продолжи да поскапува со ова темпо, можно е до крајот на годината до кога има уште две корекции, повторно да дојде до значително зголемување на малопродажните цени. Во моментов дизелот е 61 денар, а бензините 63 односно 65 денари за еден литар.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
