Loading Video...
Фудбал
25. September 2020 - 20:09

Нафиу со прекрасен гол ја искористи реакцијата на Мурињо

Фудбалерите на Шкендија ги завршија настапите во Лига Европа откако на Арената Тоше Проески загубија со 3-1 од  екипата на Тотенхем предводена од познатиот фудбалски стратег Мурињо.  Со тоа сите наши екипи ги завршија натпреварите во фудбалска Европа. 
Лидерот во домашното првенство имаше објективно многу силен противник што особено се потврди со влегувањето на Кејн во игра.  Тотенхем лесно и брзо го отвори резултатот со погодокот на Ламела  што сепак не ги поремети редовите на Шкендија. Тетовчани во продолжението воспоставија рамнотежа  и  тоа им овозможи да дојдат до израмнување на резултатот.  Подигнатата статива за пет сантиметри по приговорот на Мурињо пред натпреварот дека головите не се со пропишани димензии  му овозможи на Нафиу да постигне евро-погодок што предизвика нервоза кај Португалецот  па веднаш реагираше со внесување во игра на Кејн, Ло Селсо и Лукас.  СО ова трио Тотенхем направи притисок и со головите на Сон и Кејн  дојде до победата од 3-1.  
Шкендија во  овој циклус од Лига Европа оствари две победи и затоа за тренерот на тетовскиот тим Ернест Ѓока  европското претставување е успешно и покрај елиминацијата од Тотенхем. 
За жал и овој натпревар покажа дека состојбата со Арената  мошне лоша и драматична.  Уште по натпреварот со Ерменија нашите репрезентативци на чело со капитенот Ристовски укажаа на лошата состојба на тревникот а пред овој натпревар Мурињо воочи дека головите не се со пропишани димензии и се 5 сантиметри пониски од официјалните димензии.  Време е да се размисли кој треба да стопанисува со нашиот најголем стадион за да биде фудбалски храм за восхит а не  игралиште за потсмев во регионот и пошироко.