Наезда од бели пеперутки во Охрид

Роеви од бели пеперутки навечер се забележуваат околу светилките во Охрид.
Според биолозите, се работи за ноќна пеперутка од видот „Euproctis chrysorrhoea“, која ја има во Охрид и Македонија и дека најверојатно оваа година дошло до нејзино пренамножување.
Директорот на Центарот за јавно здравје од Охрид Атанаско Михаилов информира дека викендов, односно во петок, сабота и недела ќе се врши дезинсекција.
- Станува збор за прскање од земја против комарци и пеперутки. За оваа акција стапивме во контакт со Ветеринарниот институт и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кои се конултиравме како најефикасно да ја спроведеме акцијата. Запрашувањето ќе се врши на два начина, со амортизер со подвижно возило и со моторни пумпи, изјави Михаилов.
Деновиве, појасни, било извршено пробно прскање во вечерните часови, кое се покажало ефикасно и токму заради тоа што пеперутките се активни во ноќните часови и прскањето ќе се одвива навечер.
Препаратот што ќе биде употребен за запрашување, според Михаилов, ќе биде безбеден за луѓето и околината.
Гардоначалникот Никола Бакрачески смета дека зголеменото присуство на пеперутките прететсвуваа проблем за кој треба да се заложат сите надлежни релевантни институци.
- Вчера стапив во контакт со Центарот за јавно здравје и беше договорено да се искоординираме, да комуницираат сите надлежни институции, како што се Факултетот за биологија, Управата за ветеринарни работи и сите останати за идентификација на причинителите, за изворот од каде потекнуваат, односно причините за нивната наезда во овој период од годината, за начините на дезинсекција. Се надевам дека во текот на денот или утре ќе биде подготвена стратегијата за справување со овој проблем, изјави Бакрачески.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
