Надвор од сончевиот систем е откриена планета слична на нашата

Астрономите конечно го потврдија тоа што досега само се претпоставуваше – постоење на планета надвор од нашиот сончев систем која што би можела да биде погодна за живот.
Благодарение на соработката на над 90 европските научници и големиот телескоп на Европско-јужниот опсерваториум, тие успеале успешно да ја одредат локацијата на ѕвездата Proxima Centauri, планетата Proxima b која што се врти околу неа, но и да тргнат во потрага кон други планети кои што можеби се наоѓаат во близина.
Така откриле дека ѕвездата Proxima Centauri одблиску не е толку сјајна како нашето Сонце затоа што емитира една шестина од сончевата енергија. Покрај тоа планетата Proxima b е многу поблиску до таа ѕвезда отколку Меркур до нашето Сонце, а орбитата ѝ трае само 11 земјини денови. Но, и покрај тоа температурата на површината на таа камена планета е слична на онаа на планетата Земја, па постои можност за развој на живот.
Меѓутоа, поради близината на планетата до нејзината ѕвезда, научниците се плашат дека силниот проток на енергија од ѕвездата во целост би уништиле било какви траги на атмосфера на таа планета.
Тоа би оневозможило и отежнало развој на живот на таа планета – онаков каков што ние го знаеме.
Истражувањето кое ќе биде објавено во списанието Astronomy & Astrophysics на Европската јужна опсерваторија, а моментално е објавено како труд во отворениот архив ArXiv, би требало да открие дополнителни детали за оваа планеа.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
