-->
-->
Надица додека ги местела завестите на тарасата паднала од 10 метри: Неутешната мајка го бакнувала нејзиното мртво тело
-->

Трагедијата се случила околу попладне кога Надица и нејзината мајка Штефица Илиќ го чистеле станот, а жената најверојатно паднала од невнимание.
- Не знам што се случи...како отиде моето злато, мојата вредница. Не е точно дека се уби, немаше никаква причина за тоа. Беше среќна. Ја родив во шестиот месец со килограм и нешто и од тогаш се борев само за неа. Порасна во убава девојка и силна жена, а сега да ја изгубам на ваков начин, плачела нејзината мајка.
Надица денеска имала слободен ден, па таа и мајка си уште од утрината се договориле да го потсредат станот.
- Ја поделивме работата и рековме дека денеска половина стан ќе го исчистиме, а другата половина утре на пладне, кога ќе се врати од работа. Таа, до душа, повеќе чистеше и переше и ги испра завесите, а јас се занесов околу ручекот. На тарасата имаме ставено подебели завеси за да не не пече сонцето. Таа завесна ја испра и се качи на столица да ја закачи таа проклета завеса. Ништо не слушнав, раскажала неутешната мајка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Успеав да излезам од сенката на татко ми | Александар Михајловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 066
-
Бегајќи од полиција скокнал во Вардар и се повредил
-
АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
-
Пратениците донесоа повеќе закони
-
Празникот на сите светци - 1 ноември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби
-
Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон
-
Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација „Skopjebus”