Надал ги покани Федерер и Роналдо на својата свадба но не и најдобриот?!

По Федерер и Ѓоковиќ, третиот од „големата тениска тројка“, Шпанецот Рафел Надал ќе стапне на „лудиот камен“. Датумот на свадбата е 19 октомври.
Првите информации за свадбата се појавија во шпанските медиуми, а главната пикантерија е дека свадбата ќе биде на луксузна локација од 20.000 метри квадратни, вредна околу 120 милиони евра.
Се работи за заливот „Форталеза“ кој е на Мајорка, родното место на Надал.
Другата пикантерија е дека покрај бројните познати личности на свадбата, покана ќе има и за неговиот долгогодишен ривал и пријател, Роџер Федерер, но сепак на свадбата нема да се појави српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ.
Се очекува дека на свадбената церемонија ќе присуствуваат околу 500 гости, меѓу кои По Гасол, Жулен Лопетеги, Карлос Моја, Енрике Иглесијас, Кристијано Роналдо.
Од тенискиот свет се очекува да се појават и шпанските играчи, Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез.
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
