Loading Video...
Тенис
27. February 2022 - 10:12

Надал без загубен сет триумфира во Акапулко

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на турнирот во Акапулко. 
 
Надал уште еднаш потврди дека е во одлична форма на почетокот на новата сезона, па по освоениот Гренд слем Австралија Опен, па Шпанецот без загубен сет триумфира и во Акапулко. 
 
Тој во финалето во два сета со идентични 6-4 го победи Британецот,  Камерон Нори. 
 
По овој трумуф Надал од утре ќе биде на 4.место на АТП листата на која на која нов лидер ќе биде Русинот, Данил Медведе, кој ќе ја прекине доминацијата на Новак Ѓоковиќ.
 
За надал ова е 91-ви трофеј во кариерата и сега има само три помалку од трето рангираниот на вечната лисата Иван Лендл (94). Преднив се Роџер Федерер со 103 и Џими Конорс кој има освоено 109 трофеи.