Македонија
28. August 2017 - 9:21

Над илјада лица загинаа во свлечишта во Сиера Леоне

Над 1.000 лица загинаа во свлечиштата и поплавите што ја погодија Сиера Леоне пред две недели. 

Владата на Сиера Леоне претходно соопшти дека загинале 450 лица, но спасувачите и хуманитарните работници предупредија дека веројатно никој од останатите 600 исчезнати  не преживеал. 

Точниот биланс на жртвите се уште не е соопштен, а спасувачите ја продолжуваат истрагата за исчезнатите лица.