Над еден тон марихуна запленета на Блаце

Над еден тон марихуана запленија вчера царинските службеници на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија. Дрогата која досега е најголема количина запленета во еден случај е пронајдена во товарно моторно возило, а возачот е во бегство.
Како што информираше директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, откако возилото на царинската испостава Блаце било пријавено за започнување за транзитна постапка царинските службеници според критериумите за анализа на ризик го известиле возачот дека ќе извршат детален преглед. По кратко време царинскиот застапник го известил царинскиот службеник дека возачот се одалечил од терминалот и заминал во непознат правец оставајќи го возилото и стоката на граничниот премин.
- По консултација со јавен обвинител, пристапено е кон детален преглед на полуприколката која била товарена во Република Косово со отпадна хартија наменета за Република Турција. При прегледот со отстранување на неколку бали хартија во средишниот дел на приколката пронадјени се вкупно 839 пакувања завиткани во проѕирна најлонска фолија со различна тежина. Тие биле наполнети со растителна материја со зеленкаста боја која на тестер на дрога покажа дека се работи за наркотична дрога, марихуана, информираше директорот Ѓоко Танасовски.
Според директорот запленетата дрога која била наменета за пазарот во Турција би достигнала вредност до 4 милиони евра.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со директорот на Царинската управа го посетија граничниот премин каде што е запленета дрогата, истакна дека запленета на ова количество дрога покажува дека Владата и МВР се решителни трговијата со дрога, оружје и сите други недозволени трговии да бидат на удар, а со цел справување со криминалот и корупцијата во Македонија.
- Имајќи предвид дека пред три дена имаме запленето 18 килограми марихуана, а сега е над еден тон, укажува на посветеноста на оние кои работат на овој граничен премин и на сите гранични премини во Република Македонија за сериозна неселективна борба против криминалот и корупцијата која го јаде македонското општество подолго време, порача Спасовски.
По наредба на судија за претходна постапка овластените царински инспектори во содејство на припадниците на СВР Скопје извршиле претрес во домот на осомниченото лице. Предистражната постапка е во тек и се уште се обезбедуваат траги и предмети кои можат да послужат како доказ во кривичната постапка. Царинската управа против 37-годишниот Е.Б. од Скопје кој е во бегство и е недостапен на органите на прогонот ќе поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
