-->
-->
Над десет милиони евра за проекти за прекугранична соработка Македонија-Бугарија
-->

Заменикот - министер за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и бугарската заменичка министерка за регионален развој и јавни работи, Деница Николова, денеска во Софија, ги врачија договорите за финансирање на 45 проекти од првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Средствата во износ од 10,5 милиони евра се обезбедени од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка. Кофинансирањето за проектите од македонска страна го обезбедува Министерството за локална самоуправа, во висина од 15 насто.
На јавниот повик беа доставени 213 проекти, од кои во транспарентен процес на оценување беа одобрени четириесет и петте најдобри.
- Од страна на Европската Унија, на располагање беа ставени 7,2 милиони, но поради големиот интерес беа обезбедени дополнителни 3,3 милиони евра. Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија во првиот програмски период имаше најголем успех со имплементација на околу 90 насто од расположливите средства и склучени договори за реализација на 100 проекти, рече Пренџов. Тој истакна дека меѓу нив има исклучително успешни проекти кои што имаат значително влијание на животот на граѓаните во општините во кои што се имплементирани, како изградбата на новата, модерна градинка во општина Василево или туристичката автентична населба во општина Конче.
Одобрените 45 проекти се од областите определени во јавниот повик: приспособување кон климатските промени, поттикнување на развојот на туризмот, на културното и природното наследство, подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на мали и средни претпријатија, трговија и инвестиции, како и социјална инклузија.
Најголемиот број од проектите се насочени кон зајакнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија, како што се проектите во Струмица, во Босилово, во Радовиш, а во Штип конкретно за зајакнување на конкурентноста на текстилните компании. Во Штип ќе се имплементира и проект од областа на јавното здравство, во Струмица во Кочани и во Ранковце проекти за социјална инклузија на маргинализирани групи. Во Куманово проект за интеркултурен дијалог, има проекти насочени кон подобрување на условите за производство на здрава храна, за развој на туризам и други.
За вториот ИПА програмски период, конкретно за реализација на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија до 2020 година, од страна на Европската Унија на располагање се ставени вкупно 20 милиони евра. Другите средства ќе бидат реализирани во рамките на вториот јавен повик на кој, како и на првиот, ќе можат да учествуваат општини, установи, организации, асоцијации, универзитети и други непрофитни субјекти од Североисточниот, Источниот и од Југоисточниот плански регион од Република Македонија, во соработка со партнери од регионот на Благоевград и Ќустендил, во Република Бугарија.
Click here to Reply or Forward
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
