-->
-->
Над 70 загинати во судир меѓу екстремисти и безбедносните сили на Мјанмар
-->
Најмалку 71 лице загина, меѓу кои и 12 припадници на безбедносните сили на Мјанмар, при напад на муслимански екстремисти во државата Ракине, соопштуваат властите.
Екстремистите синоќа со мачети и огнено оружје нападнале повеќе полициски и гранични контролни пунктови.
Нападот се случил неколку часа откако Советодавната комисија, предводена од поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, го поднесе конечниот извештај, со којшто се предлага Владата на Мјанмар да делува брзо со цел да се подобри економскиот развој и социјалната правда во државата Ракине и да прекине насилството меѓу будистите и муслиманското малцинство Рохингја.
Ова претставува најголем број жртви во еден ден по почетокот на конфликтот во таа област минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток