Над 50.000 војници и полицајци ќе се грижат за безбедноста на претседателските избори во Никарагва
Над 50.000 војници, полицајци и доброволни соработници ќе се грижат за безбедноста за време на претседателските избори во Никарагва на 6 ноември, кога се очекува Даниел Ортега да освои четврти мандат, додека потпретседател е неговата сопруга, пренесува БТА.
Целта на ова масовно присуство е да се обезбедат „најдобри безбедносни услови ", објасни пред новинарите главниот командант на вооружените сили генерал Хулио Сесар Авилес.
Вкупно 10.000 војници ќе бидат задолжени за обезбедувањето и транспортот на изборните материјали (гласачки кутии и гласачки ливчиња) во земјата, а 13.000 полицајци и 30.600 доброволци ќе придонесуваат за безбедноста во и околу 4.308 изборни места, прецизира директорката на полицијата Аминта Гранера.
Околу 3,8 милиони гласачи ќе гласаат за претседател и потпретседател, а исто така и за 90 пратеници во националниот парламент и за 20 во Централноамериканската парламент со петгодишен мандат.
Опозицијата ги оквалификува изборите како фарса и ќе ги бојкотира.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи