Над 50.000 руски војници ќе земат учество на големи воени маневри
Над 50.000 војници неделава ќе земат учество во големите руски воени маневри, јави ДПА.
Вежбата, наречена „Восток 2022“, ќе опфати распоредување на 5.000 парчиња оружје и воена опрема, како и 140 авиони, 60 воени бродови и други пловни објекти, соопшти денеска Министерството за одбрана. Предвидено е маневрите да почнат во четврток и да траат до следната среда, а ќе се одржи на воените полигони за обука во источен Сибир и рускиот Далечен Исток, како и во Јапонското Море.
Наводно, војниците распоредени во странство, веќе пристигнале во областа за обука, вклучувајќи ги оние од Белорусија, Кина, Индија. Вежбата, што се одржува на шест месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина, според Министерството, е за да се обезбеди воената безбедност на Русија и на нејзините сојузници.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања