Македонија
17. November 2016 - 11:49

Над 50 ИКТ фирми од 13 држави на средби во Скопје

Над 50 фирми од ИКТ секторот од 13 држави ќе учествуваат на вторите интернационални деловни средби „Go International – open innovation in ICT”, што ќе се одржат денеска и утре во Скопје.

Настанот ќе почне со работилница на тема „Отворени иновации во ИКТ секторот“ вечер (19:00) во просториите на ЅЕС бизнис инкубаторот. Говорник на работилницата е експерт и предавач од Универзитетот Аванс од Холандија – Том Спанјард.

Активностите ќе продолжат утре на Скопски саем со средби на бизнисмените од ИКТ фирми, како можност за формирање нови интернационални партнерства со цел освојување нови пазари.

Настанот е во организација на Фондација за менаџмент и индустриско истражување и е поддржан од Централна Европска Иницијатива – ЦЕИ и Мрежата на бизнис можности (Enterprise Europe Network).