Над 4.700 потреси регистрирани во Калифорнија од четвртокот досега

Повеќе од 4.700 земјотреси ја погодија јужна Калифорнија од четвртокот досега, вклучувајќи го и најсилниот од 7.1 степени по Рихтерова скала, а тлото ќе продолжи да се тресе и во наредните месеци.
-Се случуваат (потреси) на секои 30 секунди, секоја минута, вели Џон Белини геофизичар од Американскиот сеизмолошки институт за Си-Ен-Ен.
Првиот силен земјотрес од 6,4 степени се случи во четвртокот, а во петокот вечерта јужниот дел на Калифорнија го погоди земјотрес од 7,1 степени. Во првиот час по овој најсилен земјотрес, имаше уште три земјотреси со јачина од повеќе од пет – еден од 5.5 и два од 5.4 степени.
Сеизмологот Игил Хоксон вели дека научниците веруваат дека во следните шест месеци оваа област ќе ја погодат повеќе од 30.000 земјотреси со магнитуда 1 или поголема.
Веројатноста дека ќе се случи земјотрес од седум степени во следната недела падна на три отсто, јавија американски медиуми.
Од друга страна, веројатноста за земјотрес од шест степени е 27 проценти, па еден или два такви земјотреси може да се очекуваат следната недела.
Според проценките на сеизмолозите, неодамнешниот земјотрес е најсилниот што ја погодил Калифорнија во изминатите 20 години.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Вести, објави денеска вонредна состојба во јужниот дел на Калифорнија, што претрпе значителна штета во петокот, во земјотресот со јачина од 7,1 степени.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
