Над 400 лица во Венецуела се уапсени за кражба на храна
Најмалку 400 лица се уапсени во Венецуела, по масовните протести и грабежите на храна.
Над 100 продавници во градот Кумана биле погодени од протестите на гневните граѓани кои во обидот да дојдат до храна, прво протестирале против властите, а потоа почнале да ограбуваат.
Според полицијата, најмалку едно лице загинало во уличните немири.
Опозицијата тврди дека станува збор за грабежи на „гладни луѓе“ додека провладините медиуми обвинуваат дека луѓето грабале алкохол, очила и облека, што исто така недостига на пазарот во земјата.
Венецуела подолго време се соочува со недостиг на низа производи за секојдневна употреба на насеението.
Во земјата нема храна, неостигаат низа прехранбени производи, но и лекови и медицински помагала, како и цела палета од производи што претходно ги имало во изобилство.
Власта ја обвинува опозицијата дека „потикнува хаос“ во земјата , но опозицијата ја обвинува владата на претседателот Николас Мадуро дека е винвна за она што се случува во Венецуела.
Според опозициските партии, политиката за водење социјалистичка економија, започната со претходниот претседател Уго Чавез, а сега уште повеќе засилена од Мадуро, ја остави земјата, која е извозник на нафта, да нема пари за да се обезбедат основните прехранбени и други потреби на населението.
Во Венецуела е регистрирана највисоката инфлација во светот од 180 отсто.
Долгата суша предизвика блокада на енергетскиот систем , па во земјата нема ни струја, вработените во јавниот сектор работат еднаш, до два пати во неделата,а владата нема средства за да набави струја во странство.
Во услови на постојан недостиг на храна, луѓето со часови стојат во редови за да се снабдат со основните производи.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница