-->
-->
Над 345.000 мигранти и бегалци пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годинава
-->
Над 345.000 мигранти и бегалци пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината, јави ТАСС, повикувајќи се на податоците од Меѓународната организација за миграција.
Од 1 јануари до сега во Европа дошле 345.440 лица, од кои над 171.000 пристигнале во Грција, над 168.000 - во Италија, а над 5.400 во Шпанија.
Во текот на оваа година 4.655 мигранти и белгаци се удавиле или се водат како исчезнати при обид да стигнат до бреговите на Италија од Северна Африка.
На пат од Турција до Грција преку Егејското Море од почетокот на годинава до сега се удавиле или исчезнале 429 мигранти.
На пат од Северна Африка до Шпанија се удавиле или исчезнале без трага 62 мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина
-
Eвропските лидери за можноста за испраќање мировници во Украина
-
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава
-
Без струја утре дел од Општина Аеродром
-
Владата утре ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности
-
Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
-
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец