Над 330 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија
Пандемијата предизвикана од Ковид-19 во голема мера ја забави борбата против сиромаштијата кај најмладите, а 333 милиони деца сè уште живеат во услови на екстремна сиромаштија, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската банка.
Агенцијата на ОН предупредува дека секое шесто дете во светот живее со помалку од 2,15 долари на ден и наведува дека 30 милиони деца би излегле од сиромаштија да не била пандемијата.
-Тешките кризи како резултат на „Ковид-19“, војните, климатските промени и економските шокови го запреа напредокот и оставија милиони деца во екстремна сиромаштија.
Свет во кој 333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, лишени не само од најосновните потреби, но и за достоинство, можности за живот и надеж, едноставно е неприфатливо, рече генералниот директор на УНИЦЕФ Кетрин Расел.
Екстремната сиромаштија погодува дури 40 отсто од децата во Супсахарска Африка.
Иако другите области во светот забележаа пад на детската сиромаштија во последниве години, Супсахарска Африка забележа голем пораст, првенствено поради галопирачкиот демографски раст, пандемиите и катастрофите предизвикани од климатските промени.
Луис Фелипе Лопез-Калва, директор за сиромаштија и еднаквост на Светска банка, рече дека овие деца не треба да се напуштат. -Завршувањето на детската сиромаштија е политички избор, рече Лопез-Калва.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани