Над 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа
Ние, левичарите, демократите и прогресивните граѓани, го поддржуваме Договорот, бидејќи сме против национализмот и ревизионизмот и се залагаме за мирно, солидарно, европско, балканско соседство, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и верските тензии, пишува во текстот потпишан од над 320 грчки интелектуалци, меѓу кои универзитетски професори, новинари, писатели, за поддршка на Договорот од Преспа.
Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија и Грција „ја обезбедува иднината на народите од двете земји, но и балканското соседство со мир, солидарност и заеднички развој“, целосно одговара на грчките позиции за сложено име со географска одредница и „јасно ги одредува политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија“.
- Ги почитува достоинството и правото на самоопределување на соседната земја. Го потврдува јазичниот договор (како што е признаено од нашата земја веќе со децении) и државјанството на соседната земја и ја покажува во пракса волјата на Грција за градење на стабилна иднина на пријателство и мир со „Северна Македонија“. Грција, како демократска и европска земја ги почитува одлуките и основните принципи на ОН, пишува во текстот.
Според грчките медиуми, својот потпис досега го ставиле вкупно 326 лица, а потпишувањето продолжува.
Меѓу потписниците има универзитетски професори, новинари, историчари, актери, режисери, писатели, адвокати ..., јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
