Над 200 мртви тела лежат на Монт Еверест, еве за што им служат на алпинистите
Најголемата планина на светот има многу скриени опасности: лавини, ледени понори и недостиг на кислород.
Телата на над 200 алпинисти денеска лежат на падините на Монт Еверест, а некои од нив може да се видат како ѕиркаат од снегот долж алпинистичките патеки.
И покрај опасносните кои ги демнат на највисоката планина во светот, алпинистите и натаму масовно доаѓаат во надеж дека ќе го освојат легендарниот врв. Бидејќи голем број тела има долж рутата по која поминуваат групите, многу од нив добија и надимаци по што алпинистите се ориентираат до каде се и уште колку има нагоре.
Така на пример, телото на индискиот алпинист наречен „зелени чизми“ кој починал во 1996 година се наоѓа во близина на пештерата покрај која мора да се пројде на патот до врвот.
Алпинистите ги користат неговите впечатливи зелени чизми за да одредат уште колку имаат до врвот.
Ново на Сител
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје
-
Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно
-
До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутков
-
Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
-
Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година