Свет
13. August 2015 - 9:17

Над 20 илјади странски борци од 81 земја заминале да се борат за ИД

Околу 200 странски борци заминале во Ирак и Сирија за да се борат на страната на џихадистите од Исламска држава од 2011 година, пишува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“. 

Иако нема официјална статистика со која може да се потврди оваа бројка, експертите тврдат дека многумина од нив се уште се на фронтовите во зоните на конфликтот, а голем дел се вратиле во своите земји.

За четири години повеќе лица заминале да се борат за ИД, отколку лицата кои заминале да се борат во Авганистан за десет години, одбележува весникот, цитирајќи го истражувањето на аналитичкиот центар „Суфан груп“, предводен од поранешниот агент на ФБИ, Али Суфан.

Странците кои заминуваат во редовите на ИД доаѓаат од најмалку 81 држава. Околу пет илјади се од Европа, најмногу од Франција, Германија и Велика Британија. Десет илјади се од азиските земји,а  од африканските околу осум илјади. Држави со најмногу борци во редовите на ИД се Тунис, Саудиска Арабија, Јордан, Русија, Франција, Турција и Мароко.