Над 160 казни за возачи во Скопје
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 22 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 49 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 28 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12.10.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 16 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 25 останати прекршоци за кои се издадени осум мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.
Санкционирани се четири возачи на мотори, а откриени се и 52 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово