Над 120 загинати и 500 повредени во борбите околу Триполи

Најмалку 121 лице загина, а 561 е повредено за десет дена откако почна офанзивата на либискиот командант Калифа Хафтар врз либискиот главен град Триполи, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Од канцеларијата на СЗО во Либија се осудуваат новите напади врз медицински персонал и возило на итна помош во Триполи. Не се наведува колкав е бројот на цивили меѓу настраданите.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во одделно соопштение истакна дека 13.500 луѓе се раселени во борбите, од кои 900 се сместени во прифатни центри.
Во жестоките борби од 4 април јужно од Триполи се судруваат силите на Владата за национално единство, која е призната од меѓународната заедница, и силите на командантот Хафтар.
Покрај копнените борби, двете страни секојдневно извршуваат и воздушни напади и меѓусебно се обвинуваат дека мета им се цивилите.
Ново на Сител
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
