Над 120 загинати и 500 повредени во борбите околу Триполи

Најмалку 121 лице загина, а 561 е повредено за десет дена откако почна офанзивата на либискиот командант Калифа Хафтар врз либискиот главен град Триполи, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Од канцеларијата на СЗО во Либија се осудуваат новите напади врз медицински персонал и возило на итна помош во Триполи. Не се наведува колкав е бројот на цивили меѓу настраданите.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во одделно соопштение истакна дека 13.500 луѓе се раселени во борбите, од кои 900 се сместени во прифатни центри.
Во жестоките борби од 4 април јужно од Триполи се судруваат силите на Владата за национално единство, која е призната од меѓународната заедница, и силите на командантот Хафтар.
Покрај копнените борби, двете страни секојдневно извршуваат и воздушни напади и меѓусебно се обвинуваат дека мета им се цивилите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
