Националната арена под блокада поради мерки за обезбедување
Посетата на словенечката претседателка е причина за целосна блокада на улицата околу националната арена „Тодор Проески“ во Градскиот парк во Скопје. Од рано утрото полициски екипи го исчистија паркинг просторот околу арената а не беше дозволено движење за автомобили.
Граѓаните реагираат бидејќи со забранувањето на движењето во овој дел од градот не можат да пристапат ниту до Градскиот парк, а под целосна блокада и економска штета беа и сите трговски објекти кои се наоѓаат на националната арена.
Според неофицијални информации претседателката на Словенија била поканета на ручек во еден од угостителските објекти кои се наоѓаат во непосредна близина.
Сител побара став од Министерството за внатрешни работи за потребата од затворање на улицата но оттаму ни кажаа дека преземаат мерки од прв степен и улицата е затворена оради преземање на безбедносни мерки за посетата на претседателката на Словенија.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај