Национална акција за чистење од отпад
Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ денеска организираат национална акција за чистење на околината од отпад.
Целта на проектот „Македонија без отпад 2015“ е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината.
Централниот настан во Скопје, како што е најавено, ќе се одржи кај Европската очна болница во општината Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри.
Проектот се спроведува со поддршка од државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.
Повеќе информации за акцијата може да се најдат на веб-страницата www. ajdemacedonia.mk или на општинската веб-страница, а граѓаните доколку забележат неовластено складирање на отпад може да се јават на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195. бак/са/09:33
###
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов обид да се избере претседател на Уставниот суд
-
Дали ќе се продолжи дневната евтина тарифа на струјата за уште еден час?
-
Храната станува луксуз, Mакедонија се повеќе е увозно зависна
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“