Началникот Величковски го посети одделот за мировни операции на ОН и постојаната мисија на РМ

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски вчера го посети одделот за мировни операции на Обединетите нации и постојаната мисија на Република Македонија во ОН.
За време на престојот во Њујорк, делегацијата на АРМ се сретнала со највисокиот советник на постојаната мисија на Франција во ОН, бригадниот генерал Тиери Лион на која се разговарало околу долгогодишното искуство кое Франција ги има во мировните операции.
Потоа генералот Величковски имал работни состаноци со потсекретарот за мировни операции при ОН, Жан Пјер Лакроa и со воениот советник при одделот за мировни операции генерал потполковник Карлос Лоитеи.
На разговорите се опфатиле повеќе прашања поврзани со мировните мисии предводени од ОН од аспект на воениот дел од ангажирањата, како и придонесот на овие операции кон зголемување на глобалната безбедност и светскиот мир.
Генералот Величковски во разговорите пред високите преставници на ООН ги истакнал стекнатите искуства во меѓународно окружување, стратегиските определби и придонесот кон глобалниот мир кој го дава Република Македонија со учеството на единици на АРМ во мировните мисии предводени од НАТО и ЕУ, но и со десетгодишното учество со свој претставник во мисијата на ОН, „Унифил“ во Либан.
Од страна на соговорниците биле посочени искуствата и предизвиците со кои ОН се соочуваат за време на мирвоните операции, но и придобивките и обврските кои ги имаат земјите членки при учество во овие мисии како и актуелните ангажирања на ОН во мировните операции.
Потсекретарот за мировни операции на ОН, Жан Пиер Лакроа истакнал дека е уверен дека учеството на АРМ со штабен персонал ќе биде од значење за АРМ во стекнување на ваков вид на искуства во извршување на мировните операции предводени од ОН.
Претходно во постојаната мисија на Република Македонија во ОН, Величковски се сретнал и со амбасадорот Василие Андоновски со цел запознавање со динамиката и работата на македонската мисија во рамките на ООН.
Република Македонија својот придонес во мировни операции предводени од ООН, го започна во мај 2007 година со испраќање на еден припадник на Армијата на Република Македонија на место штабен офицер во здружениот оперативен центар во Нагура во мисијата „Унифил“ во Либан со мандат од по една година.
Ново на Сител
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
