-->
-->
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-->

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.
Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.
МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните, велат во соопштението од министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
