Началникот на ГШ на армијата на Јемен преживеа атентат
Началникот на Генералштабот на јеменската армија, генерал-полковник Сахир бин Азиз преживеа обид за атентат во провинцијата Мариб во североисточниот дел на земјата.
Автомобил-бомба експлодирал на пат по кој поминувал неговиот конвој, изјавил воен извор за „РИА Новости“.
– Автомобил-бомба вчера експлодираше на улица во градот Мариб во моментот кога минуваше конвојот на генерал-полковник Бин Азиз.
Тројца негови придружници се повредени, а тој за чудо ја преживеа експлозијата, рекол изворот. Тој додаде дека ова е наводно трет обид за атентат против началникот на Генералштабот.
Експлозијата се случи додека се возел по состанокот со членот на јеменскиот управен совет Султан ал-Арад, кој се одржа во градот Мариб, каде што се водат борби меѓу јеменската армија и силите на страната на Хутите кои ја презедоа власта на северот на земјата.
Во Јемен од 2014 година трае конфронтацијата меѓу Хутите и меѓународно признаената влада поддржана од арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче