Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА
Високите претставници на централните банки од регионот имаа можност да се запознаат со унгарското искуство во процесот на пристапување кон СЕПА, како и со унгарската финансиска инфраструктура како можен модел за интегрирање во СЕПА на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА), којшто се одржа во Будимпешта на покана на Народната банка на Унгарија, на кој учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На средбата, информираат од Народната банка (НБ), беше нагласена важноста од навремена подготовка од оперативен и технички аспект на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан за брзо приклучување во платежните шеми (платните системи) во СЕПА. Во тој контекст, беше истакната подготвеноста на Народната банка на Унгарија, во рамките на сегашното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија, да помогне во соработката со Европската централна банка за да им се обезбеди поедноставен пристап на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан до европската платежна инфраструктура.
- Вицегувернерите на централните банки од регионот истакнаа дека посветено работат на усогласувањето на правната рамка со европското законодавство и изразија очекување за успешно завршување на формалниот процес за пристапување во СЕПА. Притоа, три централни банки од регионот, вклучувајќи ја и нашата, официјално доставија барања за членство во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подготовка на барањата. Во очекување на позитивна оцена за поднесените барања за членство во СЕПА, вицегувернерите ја нагласија потребата од продолжување на добрата соработка помеѓу централните банки од регионот, како и со институциите на Европската Унија, заради ефикасна подготовка на давателите на платежни услуги во наредниот период за исполнување на барањата за оперативно приклучување во СЕПА, откако ќе заврши формалниот процес на оцена на барањата, соопштија од НБ.
Членството во СЕПА, како што велат, ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија. Давателите на платежни услуги со приклучувањето кон платните системи во СЕПА ќе можат да понудат поевтино и побрзо извршување на плаќањата во евра, што ќе овозможи поголема финансиска интеграција меѓу земјите од регионот, како и со останатите земји од СЕПА. Воедно, со членството во СЕПА би се намалила сивата економија за 2 процентни поена во регионот на Западен Балкан, според процените на Светската банка.
Покрај вицегувернерката Нацевска, во македонската делегација учествуваше и Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи. На состанокот присуствуваа и вицегувернерите со своите тимови од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Ново на Сител
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ