Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80 000 вакцини против сезонски грип и дека се очекува да пристигнат во текот на следната недела по што вакцинирањето ќе почне од втората половина на октомври.
-Традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија, соопшти Министерството за здравство.
Потсетува дека со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население - повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
-Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми и компликации, особено кај ризичните групи, посочува Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
