На воената парада во Атина забранета паролата “Македонија е грчка“
Денот на независноста на Грција, 25 Март, и годинава ќе биде одбележан со воена парада во Атина, но за разлика од другите кодини кога вoјниците маршираа со слоганот „Македонија е грчка“, годинава нема да смеат да го извикуваат.
„Македонија … молчи“, гласеше коментарот на грчките медиуми, откако на вчерашната студентска парада, која ѝ претходи на воената, беше забрането да се изведува националистичкиот марш „Славна Македонија“. Ваква одлука, според протоколот, донеле општината и општинскиот регион Атина, пренесе Фактор.
Грција ги презема сите мерки за на популарниот „охи ден“, да не се случи некаков инцидент кој обично во минатото го правеа специјалните поморски сили – „жабите“, кои вообичаено извикуваат погрдни пароли против Македонци или Албанци, без при тоа инцидентите да бидат санкционирани.
Сега со постигнувањето на Преспанскиот договор, воениот врв најавува дека ќе бидат санкционирани какви било ициденти, а испратена е и наредба со која се забрануваат секакви пароли.
Зачувајте го достоинството и единството на оружените сили… ќе има дисциплински или кривични санкции доколку има инциденти. – се вели во наредбата на военото раководство.
Властите презедоа и дополнителни мерки на плоштадот „Синтагма“ во Атина од каде се отстрануваат или ќе бидат остранети сите што сакаат да протестираат против Преспанскиот договор или да извикуваат дека „Македонија е грчка“.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица