-->
-->
На видиковецот кај Козјак никнува ресторан
-->
Ресторан со придружни содржини почна да се гради на видиковецот кај Света Петка на патот кон езерото Козјак. Градежните машини се на локацијата и го расчистуваат теренот.
На таблата поставена на ограденото градилиште пишува дека одобрението за градба е издадено од Општина Сопиште на 10 мај 2017 година. Инвеститор е Влатко Костенчев, а гради Кат-инг градба доо Скопје.
Од Општина Сопиште информираа дека е предвидена изградба на ресторани, сместувачки капацитети од тип на бунгалови и спортски игралишта. Според ДУП-от, предвидено е 70 отсто да биде зеленило. Станува збор за ДУП за туристичко-рекреативен спортски центар „Козјак“ изработен од Министерството за транспорт и врски, со согласност од „Јасен“, МЗШВ, МЖСПП и Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа