На УГД-Штип се пријавиле околу 1.700 кандидати на првиот уписен рок
Околу 1.700 кандидатите се пријавиле за упис на еден од 13–те факултети и академиите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Проректорот за настава при УГД-Штип, Кирил Барбареев на денешната прес-конференција потенцираше дека бројот на пријавени студенти во првиот уписен рок е охрабрувачки и е на ниво на минатогодишните уписи.
- Скоро на сите факултети бројките се пристојни и се во рамки на очекувањата. Во споредба со минатата година бројките се скоро исти. Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика и Факултетот за образовни науки веќе ќе побараат проширавње на квотите, заради одредени специфики, рече Барбареев.
Тој истакна дека пријавените кандидати на 25 и 26 август ќе се запишуваат на факултетите, со што практично ќе добијат статус на студенти.
- Од 25 и 26 август се и пријавувањето на кандидатите за вториот уписен рок . Тоа е многу важно да се потенцира. За сите заинтересирани кандидати кои го испуштиле првиот уписен рок, рече Барбареев.
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ очекува во вториот уписен рок да се запишат дополнително 1.000 студенти, со што бројката на запишани студенти за академската 2016-2017 година би била од 2.500 до 3.000 студенти.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак