Неколку дена подоцна, жртвата е пронајдена како плута во река во Северна Дакота,замотана во пластична кеса.
Маж и врзал јаже на трудницата околу вратот, додека неговата девојка и правела рез на стомакот и го извадила бебето, наведе судот.
Вилијам Хоен (32) е обвинет за убиство со предумисла, зошто ја навел Круз да го стори злосторството. Неговата одбрана тврди дека не знаел дека таа ќе ја убие.
Кога тој ден се вратил дома, ја затекнал Круз како чисти крв во тоалетот.
„Запознај го новиот член на семејството“, му рекла Круз.
Грејвинд исчезнала по посетата на својата соседка Брук, кога дошла да проба фустан/
Круз тврдела дека Савана се вратила по два дена во три часот наутро и и го дала бебето.
„Круз призна дека ја искористила Савана со намера да и го грабне детето и да го претстави како свое“, наведува судот.
Форензичарите тврдат дека Сава искрварила до смрт.
Во декември минатата година Круз го призна убиството. Доби доживотен затвор.
Детето му е вратено на таткото, момчето на Савана, неколку дена откако телото е откриено во река и присуствувало на погребот на својата мајка.