На татко ми не му беше сеедно: Сара Мејс си ја отвори душата „На терапија“
Изминатиот викенд на телевизија Сител беше емитувана првата „На терапија“ дискусија, инспирирана од серијата која секојдневно се емитува од ординацијата на др. Терезиев.
Првата тема на која се дискутираше со пејачката Сара Мејс и водителката Елена Стојановска е „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“
Сара и Елена не се штедеа да ја отворат душата и да ги откријат пред јавноста своите длабоки емоции, ставови и навики во бракот.
Сара која од неодамна е во брачна заедница со водителот Димитар Атанасовски, раскажа дека не чувствувала пресија од најблиските кога е бракот во прашање, бидејќи со Димитар живееја заедно и пред да станат брачни партнери пред законот и пред Бога.
Таа вели дека иако нејзиниот татко не се противел да живеат заедно како момче и девојка, сепак не му било сеедно за тоа, а заклучила откако му кажала дека ќе се мажи.
-Кога Димитар ме побара за жена, за мене беше комплетно изненадување. Кога сфатив дека е сериозен, мојата рекција беше: ама срце јас сум многу мала. Сепак, не чувствував притисок од најблиските, а татко ми ми кажа „епа фала богу“ откако му соопштив дека кажав „да“.
Во продолжение можете да ја погледнете целосната дискусија од терапијата на Елена Стојановска и Сара Мејс
Ново на Сител
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб
-
Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија
-
Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида
-
Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани
-
Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
-
Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД
-
Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож