Македонија
8. January 2017 - 11:47

На Табановце уапсен насилник баран со потерница

Вчера во 15,50 часот на Граничниот премин - Табановце, на излез од Република Македонија, при пасошка контрола на Ќ.З. (34) од Прешево–Р.Србија било констатирано дека истиот е предмет на потрага по телеграма од СВР-Куманово поради основно сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“ по член  130 ст.2 од Кривичниот законик на РМ.

Ќ.З. бил приведен и во 17,05 часот со потврда за предавање на лице бил предаден на униформиран полициски службеник од СВР-Куманово, за понатамошна постапка.