Македонија
1. February 2019 - 14:54

На Сител стартува нов телевизиски магазин „Детектор“

 Истражувања на јавното мислење на теми од интерес на граѓаните и поврзани со пристапниот процес кон Европската унија ќе бидат презентирани во рамки на новиот телевизиски магазин „Детектор“.
 
Серијалот го водат Славица Арсова и Иван Кузмановски, опфаќа 21 епизода и ќе биде емитуван на телевизија „Сител“ од 3 февруари.
 
Истражувањата ќе бидат спроведени од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
 
Концептот на емисијата предвидува и дискусии со гости за резултатите од истражувањата, како и репортажи од терен, кои преку реални примери од секојдневието покажуваат како конкретната тема влијае врз животот на граѓаните.