На секој трет тендер во државава има само 1 понуда
Секој трет тендер во Македонија бил склучен во постапка во која имало само една фирма понудувач, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации направена во периодот од јануари до јуни минатата година. Според проверката на сите тендери, во постапка во која имало само еден понудувач државата потрошила 283 милиони евра од нашите пари.
Тоа довело до намалување на просекот на понуди кои стигаат на тендерите па во овие 6 месеци од 3 просекот се спуштил на 2,8 добиени понуди по тендер. Од Центарот за граѓански комуникации констатирале дека одлуките за тоа кој ќе го добие тендерот не се соодветно образложени а во значаен дел од нив не се утврдуваат количините на тоа што се набавува со што фирмите не може да се натпреваруваат со цени.
Во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра а 91% од нив ги склучиле Електрани на Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
