На Самитот ЕУ-Африка усвоени мерки против ропството во Либија
Учесниците на Самитот ЕУ-Африка доцна синоќа усвоија низа мерки за ставање крај на ропството на мигранти во Либија, што беше и главна тема на средбата.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека итно ќе бидат евакуирани мигрантите кои сакаат да ја напуштат Либија и дополни дека ќе биде формирана истражна комисија.
По објавувањето на снимките на Си-Ен-Ен како во Либија се продаваат робови како на пазар, прашањето стана главна тема на Самитот кој завршува денеска во африканскиот град Абиџан.
Учесниците се договорија во периодот кој претстои да спроведат „операција на итна евакуација на мигранти“, како и полициски акции за откривање на мрежата на шверцери на мигранти.
Денеска на Самитот ќе стане збор за безбедноста, посебно во западна Африка, каде се зголемува присуството на џихадистичките групи.
Ново на Сител
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот