На првата седница на новата Дума Путин ги повика пратениците да градат силна Русија
Рускиот претседател Владимир Путин, на првата седница на новата државна Дума, ги повика новоизбраните пратеници да ја исполнат историската мисија - Русија да ја направат силна земја.
Конститутивното заседание на Долниот дом на рускиот Парламент по парламентарните избори, оддржани на 18 септември 2016 година, мина во контекстот на нагласно влошените односи меѓу Москва и Западот околу сирискиот конфликт и доведе до остри меѓусебни напади, какви немаше од 80-те години на минатиот век, кога американскиот претседател Роналд Реган Советскиот сојуз го нарече „Империја на злото“, забележаа француските медиуми.
- Треба да ја засилиме безбедноста и одбранбените способности на нашата земја, изјави шефот на државата и ја подвлече неопходноста од заштита на руските позиции на светската сцена.
„Треба да се обединиме, да ги усогласиме нашите напори, права и задачи, за да постигнеме владеење на историското право - Русија да биде силна земја“, рече Путин, чиј приоритет во последните години беше модернизирање на руската армија и распоредување на дополнителни војници под западното крило на Русија.
- Секоја земја го има тоа право. И ние на тој концепт за силна држава нема да дадеме империјалистичка конотација, подвлече тој, пред да заклучи: „Ние никогаш не сме му налагале што и да е кому било".
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“